Американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, во интервју за „360 степени“, ја прецизираше својата денешна изјава по средбата со министерот Бујар Османи, во која ја поздрави „подготвеноста на Македонија за флексибилност“.

– Она што го мислам е дека го поддржуваме секој ваш напор за да се направи сѐ за почеток на тој процес. Направивте реформи, пративте сигнали дека имате намера да направите сѐ што е потребно и оваа vлада изрази силна поддршка, силна стратешка визија да се биде членка на ЕУ и ние продолжуваме тоа да го поддржуваме – рече Ескобар.

Тој во интервјуто кажа дека во оваа прилика нема да ја посети Софија.

Погледнете го целото интервју на Васко Попетревски:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.