На крајот на селото Каратманово, во трошна куќарка живее десетчленото семејство Стојанови. Валерија, Александар, Дамјан, Драгана, Марија, Јована, Петар и Теодора се единствената светлина на родителите Санде и Јасминка . Најстарата ќерка има 17години, а најмалото само пет месеци. Овие деца се обречени да живеат во тешка сиромаштија и мизерија. За жал до ова семејство кое живее во само 32квадрати, без струја никако да дојде животот.

Повеќе гладни,отколку сити…со солзи во очите 44годишниот Санде си ја отвори душата и почна да раскажува за агонијата која неговото семејство ја преживува секој ден.

Едвај се прехрануваат со скромната социјална помош од 7.200денари, а понекогаш семејниот буџет го дополнуваат аргатувајки по тугите ниви. Веќе цел месец се без струја, а од септември поради неплатен долг во висина од 9000денари може да им ја исклучат и водата. Побарале помош од општина Лозово, од каде дрско биле одбиени.

Додека Санде аргатува, 36годишната Јасминка се грижи за осумте деца. Готви на шпорет на дрва, пере на рака, но како што вели најтешко и е кога најмалите ќе заплачат за храна. Често пати се случува да заспијат и со зашеќерена вода.

И додека државата крева раце од ова десетчлено семејство, за среќа постојат добри луге кои често пати им излегуваат во пресрет.

Од септември пет од децата тргнуваат на училиште. Едно од нив е со полесна попреченост. Од каде пари за да се спремаат децата на училиште е прашањето кое ги тишти овие родители. Санде не бара милостина, бара работа и пристојна плата за да ги израсне своите осум ангели.Но, во мегувреме секоја помош на ова десетчлено семејство е добредојдена. Храна, пелени, облека и хигиенски средства во моментот им се најнеопходни.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.