Премиерот Зоран Заев вчера престојуваше во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, најавена како работна вечера. Сепак, посетата на Заев на Истанбул има неколку интересни аспекти, особено во контекст на времето и начинот на кој се случи.

Патувањето во Турција дојде доста одненадеш, без да биде однапред најавенои тоа само неколку дена откако турскиот мафијаш Седат Пекер на Јутјуб објави серија видеа во кои зборува против познати политичари од владејачката партија, тврдејќи дека се замешани во убиства, силување, трговија со дрога, злоупотреба на моќта и многу други криминални активности. Со таквите објави, Пекер предизвика силен потрес на политичката сцена во Турција и врз власта на Ердоган и неговите соработници, со огледна тоа што неговите изјави беа главна вест на турските медиуми во текот на неколку денови потоа.

Македонската јавност добро го запозна Седат Пекер во аферата „Мафија“, што ја објави ВМРО-ДПМНЕ. Пекер беше првиот мафијаш за кого се дозна дека добил македонски пасош и лажен идентитет од МВР на Спасовски. Како масло на тоа, во едно свое обраќање на Јутјуб, Пекер признава дека добро се познава со премиерот на Македонија и дека му одел по дома.

Јас го познавам премиерот на таа држава, бев гостин во домот на лидерот на Македонија – е дел од изјвата на Пекер.

Од тука се поставува прашањето дали експресната еднодневна посета на Заев на Туреција имала за цел само да се соопшти донацијата на 30 илјади вакцини или можеби турскиот претседател го истегнал за уши „домакинот на Пекер“.

По „раката на срце“ на нашиов, кабает е…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.