Непотизмот е појава во СДСМ која што уште повеќе се шири како се наближуваат изборите. Свесни дека ќе ги загубат изборите, функционерите на СДСМ дали на централно, дали на локално ниво си ги згрижуваат роднините во државната и јавната администрација.

Денеска трети ден по ред, ќе објавиме нови случаи во моментално најголемото дувло на непотизам, Штип, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Очигледно е во Штип има единствено простор за вработувања и унапредувања највеќе за директорите на училиштата односно за нивните роднини.

Прв случај, директорот на средното училиште „Димитар Мирасчиев“, Дејан Доневски си ја вработил сестра му во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Она што веќе и е познато на јавноста во Штип и на големо се зборува, а ќе се обелодени за неколку денови е тоа што истиот тој директор на средното училиште Дејан Доневски за неколку дена од сега ќе биде унапреден во просветен инспектор за цела Источна Македонија. Очигледно наменски ќе го добие она унапредување за да може да уценува просветни работници пред изборите.

Втор случај, директорот на средното училиште „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов ја вработил својата сопруга во основно училиште „Тошо Арсов“. Во истото училиште „Тошо Арсов“ беше вработена и сопругата на директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

Трет случај, директорот на основното училиште „Ванчо Прке“, господинот Методи Папаров си ја вработил својата сопруга во ЈП Исар.

Четврти случај, директорот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, Трајче Димов си ја вработил ќерката во средното музичко училиште, а синот си го поставил за командир на Противпожарната единица во Штип. А, сопругата на синот, односно неговата снаа ја вработил во Хигиенскиот завод во Штип. Очигледно овој директор му е сериозна конкуренција на претседателот на Совет, Јане Миланов по бројот на вработување. Очигледно и кај него останале уште домашните миленичиња невработени, нагласи Арсовски.

Тој додаде дека непотизмот во Штип нема крај.

Заев ветуваше јавно дека сите што ја искористиле својата положба и своето влијание за да вработат или унапредат свој близок во државната или јавната администрација ќе се погрижи да се повлечат од своите места.

Додека младите ни се иселуваат, додека луѓе не можат да најдат работа, СДСМ продолжува да вработува цели фамилии на нивните функционери.

Уште еднаш апелираме до антикорупциската комисија, да се разгледаат и овие последни случаеви на непотизам и да се постапи согласно процедурите  – рече Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.