Бугарската ТВ Нова објави ексклузивна сторија во која за првпат говорат пожарникарите кои први пристигнале на местото каде гореше автобусот на македонската компанија „Беса Транс“.

Според нивното раскажување, тие се соочиле со нешто што не може да им излезе од сеќавањата и се надеваат дека никому повеќе нема да му се случи таква трагедија.

– За мене 23 ноември е многу тежок ден. Не би сакал такво нешто да се повтори. Навистина е многу тешко за блиските на загинатите, но беше тешко и за нас, вели пожарникарот Николај Иванов.

Првата екипа која пристигнала на местото на несреќата била од гратчето Перник.

– Ние не гасневме автобус за првпат. Но, ние навистина не бевме подготвени за тоа што беше. Никој од нас не очекуваше дека во автобусот ќе има толку многу луѓе, вели пожарникарот Пламен Николов.

Како што велат пожарникарите, тие постапиле како што дејствуваат вообичаено.

– Најбргу што можевме дојдовме до местото, но трагедијата беше голема и немавме никаква шанса да им помогнеме на луѓето, велат пожарникарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.