Царовска со Гучи шал од 300 евра на состанок со синдикалците – реагираат корисници на социјалните мрежи.

Околу врат повеќе од една плата на текстилна работничка. Околу врат маката на некоја која цел месец по 12 часа шие, нема право да оди до тоалет, нема право да се пожали, нема право на иднина за себе и своите деца. Околу врат храна, сметки, облека на цело семејство кое врзува крај со крај со тие 300 евра. Околу врат сѐ што е погрешно во државава – пишува Божидар Божиновски на фејсбук.

Сепак, ваквата појава на Царовска не е изолирана појава. Уште повеќе, тоа е последното во низата јавни појавување на членови и симпатизери на СДСМ со кои тиа ја искажуваа својата арогантност и елитизмот од кој не можат да се ослободат. Едноставно, јасно ставаат до знаење дека живеат на друга планета од обичниот народ во Македонија.

Иако премиерот Зоран Заев, знае јавно да каже дека „ ѝ припаѓа на средната класа“, сосема е јасно дека средната класа не си игра и снима спотови со фотелји од 55.000 денари, нема златни ајфони од 2.500 евра како Петре Шилегов, ниту, пак, носи Луј Витон и Гучи како радмила шекеринска и Мила Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.