Една од најмоќните жени во ДУИ, Елита Маша, го искажа своето незадоволство од нејзината партија поради незастапеноста на жените во извршната власт, пренесува порталот на албански јазик „Алмакос“, пренесува НетПрес.

Колку е само среќна мојата партија ДУИ што јас не сум на чело на форумот на жени. Сега или ќе имавме жени во извршната власт на сите нивоа или би имале добро организирани протести пред седиштето. Дали знаеш зошто? Бидејќи како мене, има многу кои преживуваат дури и без партијата, а родовата кауза им е пред се’.
#Жените не само декор кои се злоупотребуваат за кампањи.
#СТОП ЗА РОДОВАТА СТИГМАТИЗАЦИЈА”- пишува Елита Маша на социјалната мрежа Фејсбук.

Последната реченица напишана од неа: „Каде нема жени, нема иднина!“, можеби уште повеќе ги покажува сомневањата за големите превирања во рамките на ДУИ и неприфаќањето на кадри за владиниот кабинет од базата.

За Маша се шпекулираше дека ќе раководи со некоја моќна дирекција како кадар на ДУИ, но и покрај обидите Алмакос не успеа да ги потврди овие информации од нејзе лично.

Инаку, Маша е соработник на Али Ахмети и е една од жените претприемачи со меѓународен успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.