Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска дебата за измените на Законот за финансирање на единиците од локалната самоуправа рече дека „власта нуди закони со европско знаменце или по скратена постапка само кога некаде гори“.

„Гори, затоа што имате катастрофална работа на градоначалниците. Ова е констатирано и врз основ на изјава на Зоран Заев кој вели дека е задоволен со работата на неколку градоначалници кои ги наведе“, рече Панова прашувајќи каде се другите.

Според неа градоначалниците се само локални шерифи кои не ја оправдаа довербата на граѓаните.

„Сега кога има локални избори годинава, вие предлагате инстант решенија, промена на закони кои нема да ја подобрат работата, ниту сликата за општините. И општините ќе побрзаат со ребаланс и ќе стават се што не реалзиираа изминатите три години да се направи сега. Но, тоа нема да им помогне само ќе ги лажете граѓаните“, рече Панова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.