Од утре стапуваат во примена одредбите од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во Службен весник на Република Македонија кои се однесуваат на електронското и на печатеното издание на ова гласило.

Во нив е пропишано дека електронското и печатеното издание на Службениот весник на РСМ ќе имаат ист текст и содржина и еднаква правна важност.

Доколку се појави неусогласеност помеѓу текстот и содржината на електронското и печатеното издание, за точен, односно правно важен, ќе се смета текстот објавен во електронското издание, соопшти ЈП Службен весник на Република Македонија.

Во согласност со измените, законите и другите прописи се објавуваат во печатеното и во електронското издание на Службениот весник, кое содржи електронски потпис и печат, со што се гарантира неговата идентичност и автентичност со печатеното издание и е објавено на веб-страницата на ЈП Службен весник на Република Македонија.

Законот за изменување и дополнување на Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во Службен весник на Република Македонија е објавен во Службениот весник бр. 21 од 27 јануари 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.