Не си ништо поразлична од Катица, таа рекетираше преку Боки 13, а ти директно, пишува кичевецот познат под псевдонимот Ел Чека, обраќајќи ѝ се преку „Фејсбук“ на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Фатиме Фетаи како што помина август, помина и 5 септември, вети за МОНСТРУМ нели? Каде си мори Фато? Не, не си ништо поразлична од Катица, таа рекетираше преку Боки 13, а ти директно! Чантата повторно ти се наполнила, пишува Ел Чека како коментар за доказите кои Фетаи рече дека ќе ги открие за „Монструм“.

Во друг статус, Ел Чека додава дека на Фетаи секогаш кога ѝ се нудат чанти се одложуваат рочиштата.

Фато доколку сакаш би можел да бидам сведок во твојот судски процес за парите што ги зеде од другарот на Али, побарај и ќе те потсетам на средбите со претседателот на судот и судиите што ги имаше тој ден во Кичево, пишува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.