Мислите на Христијан Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се хаотични – се прашуваат што е нормално, бидејки одамна се одлепени од реалноста, порача вечерва од Охрид претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Заев посочи дека Мицкоски е маската на Никола Груевски дека тој не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните, на општините, на државата и дека граѓаните тоа многу добро го знаат.

Со оглед дека тие имаат намера да ги искомплицираат европските интеграции, односите со соседите, односите меѓу етничките заедници во нашата држава – наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ се неизвесни, бидејки иднината што ја најавуваат како „нова“ е крајно неизвесна и опасна! Видовме – опасна е таквата нивна „иднина“ за држава, опасна е за граѓаните, а видовте и вие охриѓани, колку можат тие да бидат опасни и за Охрид.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се oпасност за граѓаните и државата и на нив е опасно да им се довери да водат – и општина и држава. И додека таа партија не се реформира – ниту смее да дојде на власт – ниту ние, заедно со вас, ќе го дозволиме тоа, порача Заев од Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.