Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер во владата предводена од Никола Груевски неколку дена е во самоизолација, дознава “Слободен печат”.

Причината за самоизолацијата е член од потесното семејство бил позитивен на коронавирусот, па на Пешевски му била определена задолжителена самоизолација.

Токму поради таа состојба денеска во Кривичниот суд беше одложено рочиштето за случајот „Траекторија”.

Судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Случајот се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски, како и против поранешниот премиер Никола Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.