Македонија се најде на 78-мото место и во групата на хибриден режим во најновиот извештај на угледниот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година.

Земјава е во група со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија.

Според податоците од „Економист“ од 2016 година до 2020 Македонија бележи пад во оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6.

Ова е втора поразителна ранг листа која земјава за добива за кратко време. Пред само неколку дена „Транспаренси Интернешнл“ ја смести Македонија на 111 место според индексот на корупција.

На оваа ранг листа земјава е во друштво на Монголија, Панама и БиХ. Ова е најлошиот резултат за Македонија откако се мери корупцијата во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.