И во нормалниот живот, како и во време на оваа Ковид криза, државите имаат стандарди во стапката на смртност на своите граѓани.

Британски Економист се потруди да пресмета како се движи смртноста на населението во државите во време на кризата што, темелно, отсликува капацитет и способност на државите, социјалниот и здравствениот државен систем да се справи со епидемијата и да ги заштити своите граѓани од фатални, смртни последици.

Според Економист Македонија, по Албанија, е држава во Европа со најголема стапка на смртност во однос на годините пред епидемијата.

Со тоа, и фактички, се става точка на приказните дека Македонија „успешно се справува со кризата“ додека граѓаните ги губат животите заради слаб медицински и социјален систем.

Во Македонија се умира речиси во ист број како во Бугарија или Србија кои се три и повеќе пати побројни држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.