Компанијата“Екоцентар 97”дооел Скопје беше избрана како најповолен понудувач на тендерот “Изведување на услугата за отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС излезе со соопштение.

Оттаму велат дека имаат  договор со странски подизведувач кој има искуство и дозвола за третман, складирање  и транспорт на овој тип опасен отпад.

Почнувајќи од јуни, а заклучно со август, 2019 година, сите отпадни опасни хемикалии беа безбедно преточени, препакувани во нова АДР амбалажа и складирани во специјален магацин во кој е инсталиран систем за ладење и одржување на температура.

За времетраење на целата постапка на преточување на хемикалиите, од страна на Државниот инспекторат за животна средина на терен беа присутниИнспектори кои вршеа увид и за истото изготвија Записник од извршен инспекциски надзор на ден 26.08.2019 година.Беше утврдено дека хемикалиите се преточениво соодветни АДР буриња и истите се складирани во магацин каде што постојано се следи температурата и се мерат гасови – за што се води извештај на дневна основа. За магацинот,“Екоцентар 97“дооел Скопје обезбеди дополнително разладување -во случај на премногу високи температури, истиот да се одржува ладен. АДР бурињата се подготвени за утовар и извоз во инсенератор  (согорувач)во Швајцарија, каде ќе бидат уништени, сѐ според Базелската Конвенција.

 

Од фирмата објаснуваат дека Магацинот во кој се складирани хемикалиите е под постојан,дваесет и четири часовен (24/7) надзор од физичко обезбедување ангажирано од страна на “Екоцентар 97“, со цел да се спречи пристап од страна на неовластени лица.

(Фото: Фејсбук)

 

 

Според протоколот за работа утврден со Договорот, празните цистерни во кои беа складирани хемикалиите, а во моментов се празни, не се предмет на надзор.

На 07.11.2019, цистерната во која што претходно бил складиран Метил Акрилат Мономер е наполнети со вода со цел да се исперат и да се отстранат остатоци од хемикалиите и истата да станат неопасен отпад. При полнењето на цистерната не е забележано течење или неисправност. Во текот на ноќта, едниот вентил попуштил и дошло до истекување на вода со остатоци од Метил Акрилат Мономер во безбедносни бетонски базени- танквани. Водата се задржала во самите базени и нема истекување во почвата и подземните води.

 

Веднаш по пријавување на инцидентот, согласно процедурите, водата е собрана во АДРбуриња и истата е подготвена за транспорт и согорување.

Согласно Протоколот за справување со вонредни ситуации повикани се екипи од страна на Генерал Штаб на АРМ и Дирекција за Заштита и Спасување, надлежни за ваков вид ситуации во кои треба да се утврди степенот на опасност. Според процедурата, екипите извршија мерења на воздухот, а во континуитет ја следат ситуацијата на терен. Дополнително, извршени се и мерења од страна на лабораторијата „АМБИКОН” при универзитетот “Гоце Делчев” од Штип. Се очекуваат резултатите од направените мерења, по што ќе се пристапи согласно законските прописи.

 

Од страна на компанијата “Екоцентар 97“ дооел Скопје континуирано се следи ситуацијата, директно на терен. Од расположливите информации, досега нема пријавено граѓани кај кои се увидени здравствени проблеми причинети од настанатата ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.