Движењето Еко герила ќе го пријави советникотод ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини, во амбасади и меѓународни организации за нападот врз професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Иљаз Иљази.

Високо го цениме придонесот што г. Илjаз Илjази како наш надворешен советник и експерт за прашања поврзани со загадувањето на животната средина, изразуваме сериозна загриженост дека владеењето на правото во нашата земја е далеку под очекувањата на граѓаните. Културата на неказнивост за кривични дела кон политички службеници е неподнослива.

Ги повикуваме Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да одговорат и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што може да ја имаат.

Ова реакција ќе ја испратиме и до меѓународните организации и амбасади за да ги потсетиме дека еден од клучните услови за започнување преговори со ЕУ е судската реформа, борбата против корупцијата и организираниот криминал и владеењето на правото, велат од Еко Герила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.