По оставката што пред две дена ја депонираше шефицата на СЈО, Катица Јанева, реагираше Европската комисија која препорачува да продолжи работата на Специјалното јавно обвинителство

Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања – стои во
соопштението од ЕК.

Оставката на Јавена се поврзува со Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), кои се притворени поради рекет на бизнисмен.

Од ЕК сметаат дека е важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство, пишува „Независен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.