По оставката на Катица Јанева, Европската Комисија во реакција за МИА порачува дека истрагите за илегалните прислушувања треба да продолжат.

– Европската Унија ја прима на знаење најавата на Катица Јанева дека има намера да поднесе оставка, се вели во писмената реакција на Европската Комисија.

Понатаму во коментарот, ЕК повторува дека е „важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство“.

– Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања, стои во кусото соопштение од Европската Комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.