Македонскиот активист во Грција Стилијанос Самартцис (Стиљан Самарџиев) објавува досега малку познато видео од делегацијата на Демократската армија на Грција во Потсдам, Германија, снимено на собир на комунисти од повеќе европски држави. Видеото е снимено во 1949 година. Во него зборуваат претставниците на ДАГ Костас Маxеридис и Викторија Зајку (Зајкова).

Зајкова зборува на македонски јазик со превод на германски, а се осврнува на 40 Mакедонки кои се борат само во една од единиците на ДАГ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.