Новинарот Васко Ефтов преку Фејсбук статус истакна дека ова што Брисел денеска и го направи на Македонија е Колосално понижување на еден народ и држава кои како што пишува Ефтов се осудени на избор меѓу суштинско вегетирање или драматично исчезнување.

Не ја ценам политиката на Зоран Заев. Ниту неговата Влада. Напротив ги сметам штетни и опасни за македонските национални интереси. Под вакви мизерни услови ( сменето име и “продадена историја” ) не прифакам ниту членство во НАТО и ЕУ! Меѓутоа, ова што сега го прави Брисел и земјите членки на ЕУ е КОЛОСАЛНО понижување на еден народ и една држава кои се плашам дека се осудени на избор меѓу суштинско вегетирање или драматично исчезнување, напиша Васко Ефтов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.