Со 95 гласа „за“ власта и опозицијата едногласно го изгласаа законот за амнестија кој се однесува на собраниските настани од ланскиот 27-ми април. По двомесечни преговарања народните избраници се согласија да сопрат тензиите меѓу двете страни во собраниската галерија и да запрат сите несогласувања кои одат на штета на општеството. Пратениците Илија Димовски и Панчо Минов се приклучија на страната на предлагачите на овој закон.

Откако претходно беше изгласана потребата за гласање на законот по скратена постапка, опозицијата во матичното тело предложи амандман со кој побараа целосна амнестија за сите инволвирани во настаните, но истиот не беше прифатен од мнозинството.

Законското решение содржи пет члена, кои даваат објаснување за тоа кој нема да биде опфатен со амнестијата. Помилувањето нема да важи за лицата кои сториле кривично дело Здружување заради непријателска дејност, лицата кои биле со фантомки, оние кои употребиле физичка сила, извршиле насилство, неовластено користеле оружје, оние кои постапиле спротивно на службените овластувања, осудените за нападот врз пратеникот Села и министерката Шеќеринска. За Села носењето ваков закон е срамна одлука, па тој заедно со сопратиецот Рашиди и Горан Милевски не гласаа за законот.

Сега законот треба да биде да биде потпишан од претседателот Иванов и потоа да биде објавен во Службен весник по што и официјално стапува на сила. Оттогаш тече и законскиот рок од пет дена во кој обвинетите и осудените треба преку барање до судот и обвинителството да се изјаснат дали за нив треба да запре судската постапка, односно дека бараат амнестија. Судот или Обвинителството откако ќе го прими барањето има рок од 5 дена да одлучи. Законот дозволува и жалба во второстепена постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.