Драгана Спасевска на Фејсбук револтирано реагира дека била избркана на партиска трибина на СДСМ. Кога пристигнала на собирот дошле од обезедувањето на партијата и ја прашале дали е нивен член со партиска книшка. Кога таа рекла дека не е член ниту пак има покана.

Кога реков дека немам но оти сакам да присуствувам бидејќи е граѓанска трибина.Потоа ме прашаа дали имам примено порака за настанот. Потоа обезбедувањето ме присили да го напуштам настанот. До кога ќе се трпи оваа дискриминација. Јас културно го напуштив просторот.Ова што вечерва се случи не личи повеќе ниту на демократија ниту на држава. До кога ќе дозволиме да ни се качуваат на глава овие што се на власт-вели Спасевска.

Таа е посебно револтирана на министерката Царовска за тоа што им го прави на нивните деца.

Јавно ве повикувам да ставиме крај на ова лудило на оваа контроверзна власт и на минитерката Царовска-додава Спасевска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.