Секоја средба со Каролина е инспиративна, и кога се сложуваме и кога имаме различни погледи на светот, вели Гордана Силјановска Давкова, после средбата со нејзината колешка, професорката Каролина Ристова – Астеруд.

Едно ни е заедничко, се залагаме за повеќе права за жените, маргинализирани групи, за ранливите категории на граѓани.

 

Тие се работи за кои сите граѓани се согласуваат дека ни се потребни, без разлика на партиска припадност.

 

Знаете дека без владеење на правото нема да има правда за Македонија нити Европска иднина.

 

На 5 мај, убедете ги сите ваши пријатели и соседи да го направат правилниот избор, вели кандидатката за претседател на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.