Пратеникот Антонио Милошоски, поранешен шеф на дипломатијата, уште еднаш ги предочува пропустите на македонската дипломатија во однос на Франција. Тој потсети на псотоењето на „мистериозниот советник на премиерот“, извесен љупчо Зафировски, кој „има врски во Кабинетот на Макрон“, и Алек Ружин, но ги објави и изливите на бес и разочарување на поранешна советничка, која разочарана од Макроновото „не“, му порача да „се е*е“.

Заев има еден советник кој лажно се претставува како “човек со врски во кабинетот на Макрон”. Претходно Заев имал друг советник учесник во Шарената револуција, Ивана Јордановска, која денес објавува вулгарни пораки до претседателот на Франција (“е*и се Мак..н”).
Затоа нека ве се чуди зошто премиерот Заев и покрај сите ургенции во последните неколку месеци не беше удостоен барем со покана за работна посета на Франција и кратка средба со Макрон.
Во најмала рака Министерството за надворешни работи би требало уште денес да се огради од ваквите навреди и говор на омраза и да упати нота на извинување до Париз!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.