Во интервју за домашна телевизија, адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска го демантираше премиерот Заев дека го информирала за тоа дека нормално е за Катица Јанева да побара поблага мерка и да искориски некои олеснителни околности.

Фрчкоска вели дека целата таа изјава погрешно е интерпретирана и средбата се случила во времето кога Јанева испрати допис до Јавниот обвинител на Република Македонија со кој ја префрла надлежноста на предметите од СЈО во надлежност на Јавниот обвинител.

Тоа беше за ургентноста, за итноста за важноста на одлуката за Јанева со една писмена согласност да ги префрли предметите од надлежност на СЈО во надлежност на ЈО. Тоа отвори една голема дискусија и предизвика една турбуленција во правниот систем и во понатамошната работа на СЈО и беше од интерес и за Владата и за правниот систем, вели Фрчкоска.

Додека пак изјавата на Заев гласеше:

Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчкоска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски.

Ако Фрчкоска демантира дека имало каков било разговор за мерки за истрагата или невлијание на предмети и сведоци, тогаш логично е прашањето од каде знаел каква била намерата на Катица Јанева со префлрањето на предметите ?

Или изворот на информација бил некој друг, а со тоа и намерата на Заев со таквата изјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.