Лекцијата од шпанските избори треба да е индикативна за Македонија и оваа слепа власт.
Социјалистите се мислеа за победници, наместо тоа заедно со каталонското прашање го разбудија национализмот и десницата подесно од десницата – пишува на Фејсбук Ивор Мицковски.

Понатаму тој вели:

Тоа е она класично размислување на тесните групи и нивните советници. Бранот е во наша полза, да газиме.
Курац газење.
Грешката на “group thinking“ како што ја нарекуваат американците. А имаме ли подобар пример за тоа од оваа изгубена и заслепена власт.
Советниците, апологетите и релативистите на оваа власт пеат во хор: Ние сме најдобрите, што и да згрешиме ќе ни се прости, другите се поголемото зло, не ги слушајте мрчаторите(сега имаат и нова кованица – катастрофисти) да продолжиме вака, да продолжиме вака!
Една лекција дечки ќе ја научите наскоро: Ако од левица тргнеш накај центар и почнеш да се бавиш со десничарски политики, ќе изгубиш од десницата!
Ама што ќе ви збориме, ние и онака не знаеме за ништо друго освен за катастрофи.
Ама тоа треба тогаш да ве стави во мисла, значи знаеме да ги препознаеме катастрофите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.