Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со спротивни ставови на премиерот Зоран Заев во однос на пописот и на изборниот модел.

Заев беше оптимист дека има време да се направи реформа на изборниот модел, но тој рече дека не верува оти ревидирање ќе се случи пред овие избори.

Овој датум ни определува можност да разговараме за изборниот модел. Како претседател на најголемата политичка партија во државата останувам на ставот дека државата треба да прави исчекор кон демократизација на процесот. За СДСМ е прифатливо една изборна единица и отворени листи. Сакам да ги слушам помалите политички партии затоа што многу често поголемите партии се собираме и не е чесно само ние да одлучуваме. Имав состанок со нив и тие се за една изборна единица. Верувам дека државата ќе смогне сили да направи исчекор кон поголема демократизација преку избирачкиот процес, односно Изборниот модел за да го зајакнеме плурализмот во државата преку Парламентот, изјави Заев.

Мицкоски, пак, од друга страна не е оптимист дека нешто може да се смени за овие избори.

 

Во однос на пописот, кој треба да се одржи следната година, Заев рече дека неговиот став е тој да се спроведе следната година по изборите, а доколку Државниот завод за статистика е подготвен, тогаш да се спроведе и пред изборите.

Важно е ден поскоро да го имаме пописот, рече Заев.

Кога станува збор за пописот, Мицкоски смета дека 2020 не е погодна бидејќи е крај на една декада и за него добро е пописот да се направи во 2021 кога ќе се прави и во сите европски земји.

Тој рече за она што се преглага во моментов е познато дека имаат повеќе од 20 суштински забелешки и оти бараат тој да се спроведе според препораките на Еуростат.

Бараме пописот да биде статистичка операција, а не политики договор или платформа. Неприродно е да има попис на крајот од декадата. Логично е, и според препораките на Еуростат, да има попис на поеток на декадата, односно во 2021 година, кога ќе се прават пописите и во Европа. Мислам дека и ние треба тогаш да направиме европски попис, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.