Не сум незадоволен од работата на Драган Тевдвоски, единствената причина за промената е моето влегување во ова Министерство, рече во вечерашното интервју за „Сител“ премиерот Зоран Заев.

Се работи за министер и Министерство кое ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случија во државата или дефинитивно претставува од тие што направија најмногу реформи. Така што благодарение на тоа Министерство се зголемија минималната плата, се укина радиодифузната такса и се обезбедија финансиски средства, преку самото Министерство се димензионираа политики кои овозможија подигање на социјалната политика. Влегувам во последната фаза јас лично како политичар кој добил мандат од граѓаните дефиниран преку парламентот да ја составам Владата во конечните реализации на програмските определби. Како што се зголемија социјалните помошти, верувам дека следуваат доста храбри чекори, доста решителни кои чест и одговорност ми е да ги носам јас и во таквите храбри и решителни чекори да постигнеме сериозни ефекти во зголемувањето на просечната плата, рече Заев.

Тој додаде дека доколку бидат перформансите доволно добри ќе донесе и храбри одлуки и во делот на зголемување на пензиите со таргет од 1 јануари 2020 година, кое, како што потенцира, дефинитивно ќе значи чувствување на граѓаните на придобивки од севкупните економски политики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.