Вечерва во 11 градови низ Македонија има протести под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

Во Кратово и Крива Паланка народот масовно излезе на улиците да го покаже незадоволството од владеењето на СДСМ и мафијата на власт. Велат дошле да ја одбранат Македонија од душманите од оние кои не и мислат добро на државата, а тоа е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Граѓаните порачаа дека викендов Заев зедно со бугарските власти ќе разговараат за распарчување на Македонија, ние дека тоа нема да биде дозволено.

Сакаат да го продадат Гоце, за да склучат уште некоја зделка за производство на марихуана или некоја друга бизнис зделка. Ние тоа нема да го дозволиме. Досра е веќе! Напушете ја Владата и ослободете го Собранието и Судот. Неспособни сте, и тоа го видовме овие четири години додека си игравте држава. Преку глава му е на народот од вашите погрешни и антидржавни политики. Веднаш оставка! Бараме оставка на Заев и неговата криминална власт и слобода за народот!, бараат жителите на Кратово и крива Паланка.

Учесниците на протестот во одделни обраќања побараа веднаш да прекинат преговорите со Бугарија, а членовите на меѓудржавната комисија за историски прашања да поднесат оставки.

Пред светиниколчани, пак, вечерва се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, која порача дека темелите на државноста на Република Македонија се илинденците и народноослободителната борба на партизанското движење АСНОМ и дека никој нема право да ги негира овие историски факти, а најмалку оној кој треба да го води македонскиот народ кон подобра иднина.

Како што истакна таа, не е време за партиски препукувања, време е за национално обединување.

Нашите барања се јасни и прецизни. Веднаш неотповиклива оставка на оваа Влада, на чело со Зоран Заев. Формирање на Влада на национален спас, составена од експерти, како и обединување на целиот макеодонски народ и сите граѓани кои живеат во Македонија, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми и останатите. Зачувување и одбрана на македонската држаност.

Ако сега се откажеме од македонската историја и идентитет, ние свесно се откажуваме од нашето минато и сегашност, беше порака испратена од Гевгелија.

Заев е единствениот политичар кој ове 30 тина години ја понижи Македонија и македонскиот народ, распродавајќи ги македонските интереси.

Договорот со Бугарија е откажување од македонската историја, јазик и идентитет. Заев сака целосно да ја обезличи македонската држава, ВМРО-ДПМНЕ и народот тоа нема да го дозволат. Со Заев, Македонија бележи само порази и неуспеси, ако се откажеме од историјата и идентитетот тогаш тоа е исто како да се откажуваме од нашето минато и нашата сегашност и нашето достоинство кое нема цена, порача пратеничката Ангелика Петкова.

Петкова истакна дека протестите ќе продолжат и во наредниот период и побара масовна поддршка од народот се со цел застанување на погрешните и катастрофални политики кои ги спроведува актуелната влада и Зоран Заев.

На протестот во општина Неготино пратеникот Златко Пенков побара извнивање од владата и Заев за неговите искажани ставови и откажување на македонската историја и идентитет во интервјуто за бугарската национална агенција БГНЕС.

Пратеникот Антонио Милошоски се обрати пред своите сограѓани во Кичево. Тој порача дека има и кичевчани кои се членови на СДСМ кои што се срамат од тоа што корумпиран човек им е претседател и премиер на државата.

Македонија гледаме дека и економски, национално, уставно и образовно, во секој поглед назадува, за жал и наместо ветувањата на Заев дека ќе ја однесе државата во европски Париз, тој заглави во бугарскиот Пазарџик.  На сметка на пазарењето со националното достоинство на Македонците но и на сите граѓани со кои што манипулира, рече Милошоски.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица Жан Дрвошанов од протестот во Струмица порача дека и покрај бројните притисоци, народот е решен да им застане на патот на Заев и неговата банда.

Од срцето на Македонија испраќаме силна порака. Решивме да застанеме на патот на предавството, нема да дозволиме да го скршат македонскиот народ, да го избришат македонскиот јазик, да го избришат македонскиот идентитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.