Единаесет години се навршуваат утре од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

Предвидено е на утрешната комеморација на самиот ден на несреќата да присуствуваат делегации на Општина Охрид, на бугарските козуларни и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа и на Здружението на граѓани „5 септември“ како и граѓани на Охрид. Овојпат поменот на загинатите ќе се одржи пред новиот споменик, поставен во паркот пред каналот Студенчишта.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници пловеше од Охрид за Свети Наум. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.