Коронавирусот однесе уште една жртва во Дебар. Станува збор за 54-годишен маж од градот, кој почина во болнички услови. Тој бил хоспитализиран подолго во здравствена установа во Скопје.

Според статистиката на Центарот за јавно здравје, тој е 14. жртва од Ковид-19 во ова подрачје. Гледано по општини шест починати лица се од Дебар, додека остантите од општина Центар Жупа.

Во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени останува 276. Во исто време четворица ја добиле битката со опасниот вирус или вкупно 224 лица. Активни на болеста се 36 лица – потврдуваат надлежните.

Поголемиот број од активните болни се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови или амбулантски во Општата болница во Дебар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.