Игор Спасов имал закажано операција кај неговиот баџанак, дознава Телма. Урологот од штипската болница Влатко Филипов бил докторот кај кој имал термин за интервенцијата поради која му е продолжено отсуството од затвор на убиецот на Мартин Нешковски.

Телма контактираше со Филипов кој негира дека има било каква поврзаност со бегството.

Секој пациент има право да избере кај кој лекар сака да се лекува. Јас секако како лекар се би сторил за мојот баџанак, но од каде да знам дека тој би бегал. Знам дека сега вие тоа ќе го врзувате, но за мене сите пациенти се исти без разлика дали се затвореници или не. Последен пат го видов на последниот преглед, по тоа заминав на одмор, па поради тоа мислењето за тоа колку ќе трае постоперативниот период го дал мојот колега. По тоа Спасов не се појави на закажаниот термин на операција – изјавил урологот Влатко Филипов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.