Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, информира дека денеска на вонредната Седница на Советот едногласно е прифатен неговиот предлог за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Средства во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави, наменети за настраданото население од земјотресот кој се случи на 06 февруари 2023 година. Општина Куманово во духот на хуманоста и солидарноста ќе продолжува да помага на сите народи и држави во вакви исклучително тешки моменти согласно можностите. Нашите мисли се со народот на Турција и Сирија!“, потенцира Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.