На сè само не на судско рочиште наликува денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“, каде како сведок беше повикан Орце Камчев. Тој најпрво побара да биде изземен од својството на сведок, велејќи дека во ваков момент на кршење на законот нема да биде корисен за судот.

Ако ја кажам вистината…За кршење закон каде мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам во корист на обвинителството, рече сведокот Камчев.

Ова барање беше отфрлено од обвинителката Ивана Трајчевска, која рече дека притворот е одреден за друг случај кој не е поврзан со овој судски предмет.

Во продолжение на својот исказ сведокот Јордан Камчев, рече дека прв пат за „Меѓународен сојуз“, разбрал во 2018 година. До него имало понудено две предлози еден за изградба фешн мол и другата за страречки дом.

Во овој случај фалат и лицата Зоран Милевслки, Катица Јанева и нејзиниот син. Првиот не го прифатив бидејќи мислев дека нема економска логика. Вториот предлог за старечки дом исто го одбив. Ми беше кажано дека од ова има интерес синот на Катица Јанева и од тогаш почна тортурата врз мене, рече сведокот Камчев, кој додаде дека во документот бил потпишувано лицето Лазар Јанев.

Вистинската драма започна со испрашувањето од страна на обвинетиот Бојан Јовановски, кој го замоли Камчев да раскаже со што се занимава, на што овој одговори: Све да набројам? Сточарство, ѓубрива, преработка на гомна…

Откако беше опоменат од судијата, тој ѝ порача – ми рековте се да набројам.

Во еден момент обвинетиот Јовановски му го угаси микрофонот на Камчев, по што следеше и мала расправија.

Во нервозното сведочење на Камчев тој рече дека Јовановски направил мајмуни од цел град и дека уплатил 150 илјади евра на сметката на 1ТВ за уценувачки договори.

Кулминацијата достигна со прашањата од Јовановски:

Боки: За што ги уплативте?

 

Камчев: За рекет, за да те „скинам ск*рца“

Камчев во судницата беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.