Државниот Јавен обвинител Љубомир Јовески денеска откри дека претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев се уште нема  поднесено  кривична пријава дека му нуделе мито.

Јас колку што знам нема поднесено кривична пријава за поткуп. Дали во меѓувреме тоа го направил мене не ми е познато-рече Јовевски.

Ваквата реакција доаѓа откако Џолев минатата недела ги обвини граѓаните а не судиите се виновни граѓаните сами доаѓаат и им нудат мито.

 Џолев ги обвини медиумите, затоа што постојано пишуваат дека судиите се корумпирани.

Не можете само да протежирате дека функционерите се корумпирани, а граѓаните не се корумпирани. Јас сметам дека граѓаните се корумпирани и никој не пишува за тоа. Па видете, јас ќе ви кажам, на мене ми пристапуваат голем број на луѓе, граѓани кои што самите викаат еј дај за оваа работа вака така, ајде викам ве молам, ве молам. Но, така размислува нашиот граѓанин дека тој за нешто треба да даде, ај да бидам благ бакшиш. Лично ми приоѓаат да сум им завршел предмет, отворено пројавуваат намера да дадат и бакшиш или мито, не само кај мене, туку и кај други колеги. Јас им велам: ’Ај ве молам!’ Сметам дека за тоа се виновни и медиумите, пишувајќи постојано дека судиите се корумпирани. Практично ги хранат граѓаните со такви информации и ги учат дека на тој начин треба да ја добијат правдата пред судот“ ги критикуваше претседателот Џолев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.