Кривичниот суд одговори на писмото од 74 адвокати во кои бараа запирање на сите рочишта поради состојбата со корона вирусот. Судот смета дека  адвокатите  манипулираат со јавноста во однос на условите за водење на судските расправи и почитувањето на мерките во однос на превенција за ширење на вирусот Ковид -19.

„Како што секојдневно информираме и апелираме, судот, согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда, изготви листа од околу 300 итни и неодложни предмети кои се насрочени во текот на месеците: март и април, од која листа во судот на дневна основа се насрочени не повеќе од 10 судења и тоа во зграда со 25 судници распоредени на седум ката. Токму затоа и судењата со поголем број странки се одвиваат во една од трите поголеми судници каде има доповолно простор и одалеченост меѓу присутните како што беше и денешниот пример со предметот во јавноста познат како ‘Титаник’ на кој во делот за јавност имаше и присутни претставници на медиумите“, велат од Судот

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.