Дали Судот има право повторно да побара од Собранието да му биде одземен пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски? Според претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, тоа законот не го третира докрај.
Колку што ми е мене познато, во пракса повторни барања не сме испраќале. Но ќе седнеме сите судии заедно, ќе го прочитаме и ќе видиме кои се следните чекори што ќе ги преземеме, рече Иван Џолев претседателт на Кривичниот Суд, одговарајќи на новинарско прашање по денешното отворање на Медиа центарот.
Во случајот со одземањето на имунитетот на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, Џолев рече дека слушнал разни гласини дека „еднаш одземен имунитет е одземен имунитет“ но, како што додаде, станува збор за различни постапки и во таа смисла нема одговор на прашањето.
За инцидентот пак во затворот „Скопје” во Шутка, Џолев вели дека судот нема надлежност.
Точно е дека наш судија во петокот изврши редовна контрола за она што е во надлежност на судот, се интересираше за притворени лица, за текот на постапката, за жалбената постапка…, одговори Џолев.
Инциденти се случуваат во казнено-поправните установи и се регулирани со куќниот ред на тие установи. Во таа смисла самата установа располага со мерки за справување со такви проблеми, најчесто тоа се дисциплински постапки. Доколку пак се испостави дека станува збор за некакво кривично дело тогаш надлежност за преземање некакви мерки има јавниот обвинител. Во таа смисла судот во овој случај нема надлежност, заврши тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.