Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев е свесен дека дел од обвинетите кои имаат по неколку случаи имаат и по две рочишта на ден. Таков е случајот со Миле Јанакиески кој вчера имаше завршни зборови за случајот „27 април“.Но, тоа не му пречеше на судот само еден час претходно во последен час да му закаже рочиште и за случајот „ТНТ“.

Да да знам тоа го воочивме и секогаш со судиите разговарам на таа тема. Јас не смеам да им се мешам во начинот на закажување и во динамиката. Меѓутоа им укажувам дека има вакви пропусти. А се случуват, предметите се многу и знаат да се преклопат-објасни Џолев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.