Судски службеник укажува на злоупотреби на системот за распределба на судски предмети (АКМИС) во Основниот суд Скопје 1, чијшто претседател е Иван Џолев.

Според документите што ги објави порталот „Магазин“, во Кривичниот суд зачестиле прераспоредувањата на судски службеници, а некои службеници сами бараат да бидат преместени поради неделовничко работење и злоупотреби на АКМИСОТ, со цел да се заштитат од одговорност во иднина.

Тројца службеници од Одделот за организиран криминал, пишува „Магазин“ се преместени на маргинални места и прашува дали во Одделот за прекршоци има одреден број незаведени премети во АКМИС и дали се оставени празни бројчиња, што е спротивно на Деловникот на Судот и спротивно на законот.

Изворот на „Магазин“ тврди дека и одговорната Гордана Ристеска, самата побарала да биде сменета за да не одговара, бидејќи и во КОК имало презаведувања на предмети од едни на други судии.

Затоа, констатираа „Магазин“ преседателот на судот, Иван Џолев има потреба толку често да прави измени на распореди и на служба и на судии.

Извесна службеничка Јана Андонова писмено укажала на неделовнички прием и заведување на предмети, но според пишувањата на „Магазин“ токму поради тоа била и сменета. Веднаш по смената, таа и одговорниот Страшо Сиљановски заминале на боледување, па „Магазин“ се сомнева дека не се работи за случајност.

Изворот на порталот информира дека во Кривичниот суд се зборува дека тројца службеници од кривично-организиран криминал (КОК), меѓу кои и одговорната Гордана Ристеска, се сменети по налог на претседателот Џолев.

За време на штрајкот на судската администрација и судската полиција во Кривичниот суд, претседателот на судот Иван Џолев  му се заканил на портал кој извесутваше за штрајкот со тужба за клевета, а од сево ова произлегува дека заканите на Џолев се само страв да не се открие злоупотребата на АКМИСОТ, коментира „Магазин“.

Од друга страна, во Кривичниот суд не е се црно. Има и случаи на унапредување, како примерот на судијката Гордана Спиревска, неодамна избрана за член на Судскиот совет. Сепак, случајно или не, споменатата судијка, според изворот на „Магазин“, на средба со делегацијата на Прибе раскажала и за притисоците од претседателот на Судот врз неа во врска со случајот “Кочан”, што и било еден од условите за унапредување во Судскиот совет.

Од извори на Судскиот совет „Магазин“ дознава дека токму Спиревска е задолжена да ја коригира работата со злоупотребите на АКМИСОТ во извештајот кој се подготвува. За оваа цел таа на седница на Судскиот совет иницирала судијата Лидија Каначковиќ да даде службена белешка со која се повлекува од Комисијата за АКМИС.

Почетокот на оваа контроверзна судска тема се врзува со предметот „оддавање на службена тајна“ на поранешниот претседател на Судот, Владимир Панчевски, но засега без разрешница, пишува во текстот на „Магазин“. Предистражната постапка на ОЈО не даде одговори кој, кога и каква штета направил со злоупотребата на АКМИС системот. По се изгледа мета на овие случаи бил интегритетот на самиот Кривичен суд како институција, а заради денешното полесно менаџирање на политичко-судските процеси.

Изгледа дека во Основниот суд Скопје 1 политичките директиви во овој период се посилни од законските норми и Деловникот на самиот суд. Сепак главната одговорност е на грбот на претседателот на судот Иван Џолев, кој, според изворите на „Магазин“, е свесен дека се кршат одредбите на Деловникот на судот.


Извор: Магазин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.