Европратеникот Ангел Џамбаски му порача на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дека не постојат две верзии на историјата.

Џамбаски реагираше по интервјуто на Османи за македонската национална телевизија во кое министерот кажа дека наративот во историската комисија наметнал две верзии на историските толкувања.

„Таа перспектива може да се стави во учебниците, но само ако се одобри од комисијата, а таа е автономна и нема рокови. Бугарија нема да прави компромиси со историската вистина. Самуил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин“, напиша Џамбаски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.