Собранискиот спикер ја закажа за в среда во 11 часот седницата на која пратениците ќе го разгледуваат предлогот за владина реконструкција кој денеска попладне го достави премиерот Зоран Заев, соопштија од кабинетот на Талат Џафери.

Во предлогот кој е објавен на интернет страната е наведено дека за членови на Владата се предложени следните кандидати: Заев за министер кој ќе раководи со министерството за финансии, Трајан Димковски за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Милевски за министер за локална самоуправа, Хусни Исмаили за министер за култура и Насер Нуредини за министер за животна средина. Со новото министерство за политички систем се предлага Садула Дураку.

Со предложената реконструкција, новиот состав на Владата ќе брои едно министерско место помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.