Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски од собраниската говорница кажа дека пратениците во Собранието имаат колега пратеник кој извршил силување на жена, казнет е за тоа, а сепак е на една висока функција. Во врска со тоа се огласи и спикерот Талат Џафери.

Собранието нема истражни и судски надлежности за да произлезе обврска на парламентот да истражува такви работи. Во ДИК преку процедура сите пратеници мора да потврдат дека немаат такви дела од соодветните судски инстанци, не верувам дека постои некој суд во државата кој ќе даде потврда дека не е осудуван некој – рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.