Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ зборуваше на албански јазик.

За жал, наместо преговори сега се соочуваме со застој заради одредени билатерални барања. Наш став е дека договорната рамка со Бугарија дава соодветна основа за понатамошна соработка и ние сме подготвени за надминување на ситуацијата согласно меѓународните стандарди. Истовремено, сакам да нагласам дека овие случувања не треба да имаат влијание на отворање на преговорите за членство, рече Џафери пред Комитетот.

Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на државата во меѓународната комуникација.

Видеото можете да го погледнете на овој линк. Џафери зборува од 34-тата минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.