Претседателот на Собранието Талат Џафери им ја честиташе на граѓаните одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговори со нашата земја.

Почитувани граѓани на Македонија, честитки за одлуката на Советот на земјите членки на Европската унија за отворање на пристапните преговори со нашата земја. Во ова тешко време за целото човештво ваквата долгоочекувана и заслужена вест не мотивира да не губиме надеж и да бидеме уште поодлучни. Патувањето продолжува, има време за прослава, сега, седиме дома и се бориме против заедничкото зло. Честитки!, напиша Џафери на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.