Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во еден момент беше крајно нервозен од преведувачот во законодавниот дом на Република Македонија.
Џафери се обрати на македонски јазик кон својот албански колега Грамоз Ручи, при што потоа очекуваше преведувачот да се вклучи и да го преведе неговото обраќање на албански јазик.
Но, преведувачот воопшто не реагираше, поради што Џафери тропна на говорницата и упати остар поглед. И откако преведувачот започна да зборува, наместо на албански, се обрати на македонски.
Во тој момент Џафери веќе ја загуби и нервозата, па со блага насмевка порача: „На албански“!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.