Претседателот на Собранието Талат Џафери, во чест на големиот празник Христовото раѓање – Божик, од свое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија, упатува искрени честитики на сите православни верници за овој убав празничен ден.

– Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна магија која создава во сите нас убави и позитивни мисли кои пак зрачат прекрасна енергија на заедничка среќа и радост, сплотена верба и надеж за подобро утре, посветла иднина, за нас, за нашите деца и сите идни поколенија. Нека биде таа енергија силата која што не води мудро низ сите предизвици што ги носи секој нов ден, секој нов миг. Нека радоста и спокојот што се раѓаат со почитувањето на универзалните вредности, односно човекољубието, взаемната почит, солидарноста и сочувството бидат вообичаено секојдневие за сите нас и мотив за создавање на дополнителни убавини и правење добри дела за радоста од дарувањето на таа позитивна енергија биде удвоена, се вели во честитката на Џафери.

Драги граѓани, стои во честитката, Ви посакувам среќа, радост и благосостојба во вашите домови, насмевки на лицата на вашите најблиски и секојдневен напредок на лично поле, што ќе резултира со колективен напредок на земјата и сите граѓани.

– Уште еднаш, честит празник и убави празнични денови, се наведува во честитката на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.