Според претседателот на Собранието, Талат Џафери,  нема индиции за злоупотреби на патните трошоци од страна на пратениците. Во интервју за „Слободна Европа“, тој вели дека доколку постои злоупотреба, тој не е човекот каде што треба да се обратат.

Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Во постапките веќе не се работи за злоупотреба. Ако веќе констатирате дека има злоупотреба не би требало да го имате овој разговор со мене. Секој којшто има дилема дека во нешто има злоупотреби има соодветна институција која треба тоа да го потврди. Има државен завод за ревизија, има антикорупциска комисија има јавно обвинителство, коишто под сомнение некој конкретно со име, не може пратениците сега 120 сме ние, под констатација дека вршиме злоупотреба, вели Џафери одговарајќи на прашањето какви механизми за надзор и контрола како прв човек на Собранието користи за да го спречи овој тренд.

Џафери додава дена никакви индиции и сомневања за ваква злоупотреба.

Според законот определен број на пратеници се изјаснија да користат стан во вредност на она што е пропишано со одлука на соодветна надлежна комисија во собранието. Во таа одлука и во тој закон за оние денови кога пратеникот седи овде, на крајот на неделата кога ќе оди дома во еден правец му следи патен трошок во еден правец за да оди дома. И на почетокот на следната недела кога ќе се врати во станот му следува патен трошок за враќање, значи за четири недели четири дена. Констатацијата дека тоа е злоупотреба е дека сега покрај станот си користи и патни трошоци. Не користат патни трошоци за секое потпишување за секое присуство на седница, затоа што имаат соодветен договор, регулиран со внатрешните процедури, низ која постапка и процедура го користат правото на стан, вели Џафери.

Целото интервју погледнете го во видеото:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.