Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре повика на средба со лидерите на политичките партии на која тие ќе треба да се изјаснат дали се за избори на 12-ти април.

Џафери ова го соопшти од собраниската говорница, вечерва пред да ја прекине седницата на која требаше да се расправа за Законот за обвинителство. Тој е револтиран од Фејсбук статусот на генралниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во кој тој посочува: постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

Седницата за распуштање на Собранието веќе е закажана за недела во 12 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.