Претседателот на Собранието, Талат Џафери на Фејсбук објави дека пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при обраќањето пред пратениците е јасна – во ревидираниот предлог стои македонски јазик и се почитува националниот идентитет.

Јасната порака на Фон дер Лајен: внимателно ги слушав сите грижи искажани во однос на македонскиот јазик и идентитет. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без квалификација од ЕУ. Предлогот го почитува исто така вашиот национален идентитет. Принципот на самоидентификација е важен за секој од нас. Можете да сметате на мене – како Претседател на Европската комисија да осигурам дека процесот на пристапување строго ќе ги почитува европските принципи и стандарди. Имате успешно мултиетничко општество, стои во објавата на претседателот на Собранието на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.