Претседателот на Собранието Талат Џафери испрати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик.

Дозволете од свое лично име и од името на пратениците во Собранието, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Божик. Ви посакувам добро здравје, душевен мир, спокој, личен и колективен напредок. Празникот нека биде уште една причина повеќе да споделувате убави празнични моменти со вашите најблиски и најдраги, секогаш водејќи се од мислата на скапоценоста на среќата и топлината што ја наоѓаме во сопствениот дом, се вели во честитката на Џафери.

Во неа се додава дека со празнувањето на Божик се слави добронамерноста и правењето на добри дела, солидарноста, хуманоста и љубовта.

Се слави вербата дека годината што ја оставивме зад себе, ни овозможи да согледаме колку е кревок човековиот живот и колку е значајно единството и меѓусебната поддршка. Се слави надежта дека во новата година, нема да бидеме ставени пред други предизвици кои го отежнуваат нашиот пат кон светла иднина, стои во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.